Манчестер Јунајтед успеа да се пласира во 1/4 финалето на ФА Купот, совладувајќи го вечерва на „Олд Трафорд“ тимот на Вест Хем.
Дури во финишот избраниците на Ерик Тен Хаг успеаја да стигнат до победата, откако тимот од Лондон имаше предност со голот на Бенрахма во 54. минута.
Автоголот на Агер донесе израмнување, а Гарначо во 90. минута и Фред во 95 минута ја донесоа победата за Јунајтед.
Тотенхем и дефинитивно ќе остане без трофеј во Англија и сезонава откако е елиминиран и од ФА Купот. Шефилд Јунајтед успеа да му нанесе „шок“ на тимот на Антонио Конте, и совладувајќи го со 1-0, го исфрли од ова натпреварување. Стрелец на голот беше Ндиаје во 79. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

