Екипата на Ливерпул дојде до 11. победа во Премиерлигата, совладувајќи го вечерва составот на Вулверхемптон со 2:0. „Црвените“ чекаа долго време да го скршат отпорот на противникот, а потоа за пет минути дојдоа до втор гол и го решија победникот.
Во 66. минута Нуњез постигна гол, кој беше поништен, за да продолжи притисокот врз Ливерпул. Меѓутоа камен им падна од рамењата во 73. минута кога Ван Дајк донесе водство по асистенција на Жота.
Само четири минути подоцна Салах на асистенција на Цимикас донесе 2-0, што беше конечен резултат. „Црвените“ и натаму ја продолжуваат битката за излез во Лигата на шампионите следната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

