„Нервозниот“ Кевин Дурант дебитираше со 23 поени за Феникс, и 16-та победа по ред за Милвоки (ВИДЕО)

Кевин Дурант дебитираше во дресот на Феникс санс во НБА лигата. Крилниот играч се врати на паркетот по паузата, и за 27 игра на терен постигна 23 поени во дресот на Феникс кој славеше против Шарлот со 105-91.

Но, Дурант призна дека бил нервозен на паркетот…

„Сум одиграл илијадници натпревари во НБА лигата но вечерва се чувствував нервозан. Нов тим, нова група играчи, нова средина… Чувствувам како целиот притисок да е на мене“ – изјави Дурант по мечот.

Кошаркарите на Њујорк славеа со 142-118 против соседот Бруклин, во мечот во кој Никс во првата четвртина погодија дури девет тројки и најавија дека се шутерски расположени. Ова беше седма победа по ред за Њујорк.

Милвоки, пак, дојде и до 16-тата победа по ред, победувајќи со 139-117 против Орландо меџик, предводени од Јанис Адетокумбо кој запиша 31 поен.

Нов пораз на очајните Детроит кој сега загубија од Чикаго со 117-115. Но одличен меч за Детроит одигра Бојан Богдановиќ кој запиша 34 поени, дополнети и со осум скока и три асистенции. Најдобар играч во победничкиот тим беше ЛаВајн со 41 постигнат поен.

Но мечот го одбележа неверојатната грешка на кошаркар на Детроит, која тимот го чинеше пораз. При 114-112 за Булс на 9,7 секунди до крајот, Детроит требаше да изведе аут, но Џејден Ајви немаше решение и побара тајм-аут. Проблемот е што Детроит веќе немаше тајм-аути, па судиите топката му ја доделија на противникот кој го искористи подарокот за победа од 117-115.

Се вчитува...