НБА ѕвезда претепала дете и му се заканувала со пиштол

Кошаркарот на Мемфис Џа Морант беше обвинет дека направил два скандали во рок од четири дена минатото лето. Како што пренесува „Вашингтон пост“, Морант бил обвинет дека се заканувал  во трговски центар и претепал малолетник.

Според извештајот, Морант удрил 17-годишно момче од 12 до 13 пати за време на кошаркарски натпревар пред куќата на кошаркарската ѕвезда. Момчето тврди дека со топката ненамерно го удрил Морант во лицето, на што Морант бурно реагирал и го претепал.

Морант се вратил во куќата, а потоа излегол со пиштол, што може да биде многу сериозно во целиот процес. Засега не се знае во која фаза е истрагата, но факт е дека ова не се првите негативни наводи за однесувањето на овој кошаркар. .

Тој оваа сезона бележи 27,2 поени и 8,2 асистенции по натпревар, а Мемфис моментално е втор во западниот поредок, зад Денвер.

Се вчитува...