Одбранбениот фудбалер на Хајдук Лука Вушковиќ има одиграно само две натпревари за сениорскиот тим на сплиќани, но веќе се најде на мета на европските гиганти. 16-годишниот дефанзивец дебитираше минатото коло во дербито против Динамо Загреб, додека во купот против Осијек го постигна и првиот погодок.
Хрватските медиуми велат дека на „Пољуд“ во текот на зимскиот преоден рок добиле понуда од два големи европски клуба кои не ги именуваат. Вушковиќ тогаш беше во младинскиот тим, а за него наводно биле понудени осум милиони евра. Сплиќани тогаш одбија и побараа најмалку 10, а прашање е колку би би сакале сега по одличниот старт на кариерата на младиот фудбалер.
Инаку, станува збор за помладиот брат на Марио Вушковиќ, која моментално настапува за Хамбург. Како и помладиот, така и постариот брат порасна во Сплит, од каде прво пристигна на позајмица во Германија пред две години, а потоа минатото лето направи трансфер вреден вкупно 4.200.000 евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА