Наполи на крилја на Квиша Кваратшкелиа и неговите 12 гола и 15 асистенции е на прагот да ја освои титулата во Серија А по пауза од 33 години. Грузиецот блеска на теренот и во моментот е прв фаворит за освојување и на наградата за најдобар фудбалер на сезоната.
Со добрите настапи во Наполи тој веќе го примами интересот на најголемите европски гиганти, а се чини дека Реал Мадрид ќе има најголема шанса за негов ангажман. Имено, неговиот агент Мамук Југели открива дека тој е голем фан на „кралскиот клуб“ и покрај тоа што неговиот татко навива за Барселона.
„Неговиот татко и јас сме навивачи на Барселона, но Квара го сака Реал Мадрид. Да го видам во дресот на Барселона би бил среќен, но тој е мадридиста. Претседателот на Наполи ме замоли да не брзам со неговиот трансфер бидејќи тој е многу среќен во Неапол“, открива Југели.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА