Поранешниот македонски репрезентативец Милан Стојановски е именуван за нов тренер на српскиот третолигаш Телеоптик.
Два дена откако Партизан го именуваше Игор Дуљај за нов тренер, сега и црно-белата филијала Телеоптик именуваше нов тренер, и тоа во името на екс-играчот на Партизан и македонската репрезентација Милан Стојановски.
Стојановски во играчката кариера покрај за Партизан настапуваше и за зрењанински Пролетер, израелски Беитар Ерусалим, а играше и на Кипар и во Иран.
Со Партизан како играч освои три шампионски титули и еден куп, а беше дел и од генерацијата која ја предводена од Лотар Матеус во сезоната 2003 обезбеди пласман во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА