Специјална валута на „Бернабеу“: Банкноти од 500 евра со ликот на Лапорта

Се е подготвено за почетокот на големото дерби меѓу Реал Мадрид и Барселона во полуфиналето од Копа дел реј, а приврзаниците на  „кралевите“ најдоа начин дополнително да ја вжештат атмосферата.

Имено, на „Сантијаго Бернабеу“ вечерва се делат специјални пари – банкноти од по 500 евра со ликот на претседателот на Барселона, Жоан Лапорта. Причината е јасна, новиот скандал „Негреира“ откако беше обелоденето дека Барселона вршела исплати на сметката на поранешниот потпретседател на Судиската организација.

Лапорта во тој период не беше претседател на Барса, но „кралевите“ не ја пропуштаат можноста да го „пецнат“ големиот ривал.

Се вчитува...