И покрај тоа што Реал Мадрид ја понесе фаворитската улога пред првиот меч од полуфиналето на Купот на Шпанија затоа што Барселона и тоа како ослабена пристигна во Мадрид, сепак Каталонците со триумф од 0-1 го напуштија „Сантијаго Бернабеу“.
Барселона е на чекор од финалето во Купот на кралот по оваа победа иако е јасно дека остануваат уште 90 минути игра.
По почетното испитување на силите Барселона успеа да стигне до триумфот од 0-1, благодарение на голот во 27. минута. Грешката на фудбалерите на Реал на својата половина ја користи Гави кој го запослува Кеси чиј удар успева да го одбрани Куртоа, но топката неспретно се одбива од Милито и завршува во кралската мрежа.
Иако првично голот беше поништен поради офсајд, сепак по реакцијата на ВАР признаен е погодокот на Барселона. Тој гол се покажа сосема доволен за триумф на каталонскиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

