Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг го одиграа најдобриот натпревар по доаѓањето на Ирвинг во Далас, успевајќи да го предводат својот тим до голема победа над Филаделфија од 133-126. Дончиќ го заврши мечот со 42 поени, Ирвинг постигна само два помалку, со што станаа само петти тандем во последните 30 години што успеал двајцата играчи да стигнат до минимум 40 поени.
Претходно, тоа им успеа на Џордан и Пипен од Чикаго во 1996 година, на Вигинс и Таунс од Минесота во 2017, на Џорџ и Ленард од ЛА Клиперс во 2019 и на Едвард и Таунс од Минесота во 2021 година.
Дончиќ покрај 42-та поени имаше и 12 асистенции, успевајќи да ја прекине серијата од два порази на својот тим и да го искачи Далас на шестото место во Западната конференција.
ЛА Клиперс паднаа на седмата позиција по најновиот пораз, овојпат на гостувањето против Голден Стејт со убедливи 115-91. Пресудна беше третата четвртина што домаќините (кои повторно настапија без Стеф Кари) ја добија со неверојатни 42-16, практично решавајќи го прашањето на победникот. Ова беше четврти пораз во низа за клиперси, а она што е интересно – тимот од Лос Анџелес нема ниту една победа откако во своите редови го доведе Расел Вестбрук.
Џордан Пул го предводеше Голден Стејт со 34 поени, Томпсон реализираше 19 поени и 11 скокови за „воините“, додека Џорџ со 21 поен беше лидер на ЛА клиперс.
Резултати НБА:
Вашингтон – Торонто 119-108, Далас – Филаделфија 133-126, Сан Антонио – Индијана 110-99, Голден Стејт – ЛА Клиперс 115-91.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

