Модриќ: Не е нормално како загубивме на толку многу создадени шанси за гол

Реал Мадрид претрпе пораз на првиот полуфинален дуел од Копа дел реј од вечниот ривал Барселона. Конечни 0-1 се должат пред се на бројните шромашувања на фудбалерите на европскиот и шпански првак, кои иако создадоа многу шанси за гол, сепак не успеаја да го совладаат Тер Штеген.

Лука Модриќ не го криеше разочарувањето од конечниот исход, но и најави борба на реваншот бидејќи Реал е способен да победи на „Камп Ноу“.

„Вистинска штета, не е нормално да загубивиме откако создадовме толку многу шанси за гол, што не можевме да ги искористивме. Игравме добар меч, штета што не бевме прецизни во завршниците од акциите. Заслуживме најмалку реми, но остануваме мирни, на реваншот ќе патуваме во Барселона за да победиме. Пред мечот слушавме колку Барса е ослабена поради неиграњето на Левандовски и Дембеле, но тие секогаш се одлична екипа. И така ослабени успеаја да победат, но со среќен гол. Барселона победи, но ние бевме подобри на теренот. Затоа верувам во триумф на Реал на реваншот“, истакна Модриќ.

Се вчитува...