Расел Вестбрук до пред некоја година беше кошмар за противниците, но тоа дефинитивно повеќе не е случај. Доказ за тоа е и синоќешниот дуел меѓу Голден Стејт и ЛА Клиперс, и видеото на кое јасно се гледа дека „воините“ не гледаат на Вестбрук како на закана за нивниот кош.
Поранешниот МВП ја имаше топката на линијата за три поени, а ниту еден играч на Голден Стејт не беше на три метри од него, во стилот „од таму шутирај колку сакаш“.
Мора да се истакне дека тактиката вроди со плод, ако се знае дека Вестбрук шутна пет тројки, а не погоди ниту една, а неговиот тим загуби со убедливи 115-91.
Dray guarding Russ 👀 pic.twitter.com/mpeKmmzeGl
— Bleacher Report (@BleacherReport) March 3, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

