Прволигашката кошарка се враќа со дерби во СРЦ „Кале“

Прволигашката кошарка во Македонија продолжува денеска со три натпревари од 16. коло, а еден од нив е и натпреварот на колото во кој ТФТ ќе го пречека нашиот најтрофеен клуб Работнички од 19 часот во СРЦ „Кале“.

Овој дуел воедно претставува и реванш од четвртфиналето во Купот на Македонија, натпревар по кој сепак двата тима претрпеа промени во ростерот. Од редовите на „црвено-белите“ замина американскиот двоец Џексон-Форте, а се очекува дебито на Џелатиовиќ и Умпиг, додека „црно-белите“ останаа без бекот Бишоп, а го ангажираа поранешниот репрезентативец Марко Симоновски кој сепак е неизвесен за денешанта средба.

Од двата тима очекуваат победа на престојниот натпревар, победа која би ја продолжила победничката серија.

Покрај овој натпревар денеска ќе бидат одиграни и средбите помеѓу Пелистер и Куманово од 18 часот и 30 минути, како и средбата помеѓу Феникс 2010 и Чаир 2030 од 20 часот и 30 минути. Во овие натпревари домаќините ја имаат фаворитската улога, но сепак во битката за опстанок, тимовите од долниот дел на табелата не гостуваат во „Боро Чурлевски“ и „Јане Сандански“ со бело знаме.

Прволигашката кошарка продолжува утре од 17 часот со натпреварот помеѓу Гостивар и Академија ФМП, односно од 18 часот со средбата помеѓу Кожув и Еуро Никел, а 16. коло ќе биде комплетирано во понеделник со средбата помеѓу Струмица и МЗТ Скопје.

Се вчитува...