Ултиматум до Потер: Две победи или отказ!

Челси го поддржува Грем Потер како менаџер, и не преговара со други тренери. Меѓутоа сето тоа може да се смени после натпреварите со Лидс и со Борусија Дортмунд. Наводно челниците на „сините“ бараат победи во следните два меча, во спротивно веројатно деновите на Потер како менаџер на Челси ќе му бидат последни.

Раководството на клубот се обидува да најде решение за кризата во тимот. Не се однесува само на резултатите, туку и на нивото на играта. Шефовите на Челси бараат решение, но смена на Потер засега не е во прашање.

Но, притосокот врз него е зголемен особено после последните катастрофални резултати, иако тимот потроши околу повеќе од пола милијарда за нови имиња сезонава, а тимот не е ни блиску до местата кои носат во ЛШ.

Наводно челниците на Челси му ја изразиле поддршката на Потер, но ако се случи да нема резултати во блиска иднина, може да се промени.

Се вчитува...