Реал Мадрид загуби со 0-1 на првиот полуфинален дуел од Копа дел реј со Барселона, а приврзаниците на „кралевите“ по мечот се жалеа на премногу дефанзивниот пристап на противникот.
Каталонците важат за тим што вообичаено игра допадлив офанзивен фудбал, базирајќи се на посед на топката, но овојпат ситуацијата беше спротивна, Реал имаше 65% од контролата над топката, додека Барса мудро ги чуваше приодите кон сопствениот гол.
„Прв пат видовме на едно Ел Класико како Реал неприкосновено владее со топката на средината, исто како што за првпат Барса се бореше да допре топка. Тоа беше формација 6-3-1 што функционираше беспрекорно, целосно затворајќи ги приодите кон сопствениот гол. Реал цело време беше на половината на противникот, но тоа малку вредеше бидејќи не создаде ниту една стопроцентна шанса“, пишува мадридскиот весник „Марка“.
Дополнително, се влегува во неколку тактички детали што според анализрата на „Марка“ го решиле победникот.
„Анчелоти ги искористи отсуствата на клучните играчи на Барса за да наметне темпо на противничката половина. Барса од самиот почеток се обиде со пресинг, но анчелоти се спротивстави со Крос и Камавинга, што функционираше се до оној момент кога Французинот ја загуби топката почетнички, а Барса даде гол. Валверде беше лажно крило, Модриќ имаше слободна улога на средниот ред, но беше одлично изолиран од гостите. Покрај тоа, Чави го намести Араухо на десен бек за да го неутрализира Винисиус, уште една одлука со која Барса направи значаен чекор напред кон победата“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

