Бразилскиот напаѓач Роберто Фирмино по осум години на крајот од сезоната ќе го напушти Ливерпул. Бразилецот наводно донел конечна одлука да си замине од „Енфилд“, и тоа веќе му го соопштил на менаџерот Јирген Клоп.
Фирмино ќе си замине од тимот како слободен агент, со оглед дека му истекува договорот со „црвените“. Тој остана во втор план по доаѓањето на Дарвин Нуњез и на Коди Гакпо.
Кога ќе се опорави и Луис Диаз, Клоп ќе има дури шестмина офанзивци на три позиции, па за Фирмино можеби ќе нема место дури ни на клупата.
Овој играч дојде во Ливерпул во 2015 година за 41. милиони евра. Досега одигра 352 натпревари постигнувајќи 107 голови и 78 асистенции. Со „црвените“ ги освои сите трофеи, вклучувајќи ја титулата во Премиерлигата и пехарот во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

