Новак Ѓоковиќ не успеаја да ја продолжи серијата одлични настапи од стартот на 2023 година, откако денеска загуби во полуфиналето во Дубаи од Данил Медведев со 0-2 во сетови. Србинот не беше во посакуваниот ритам, во неколку периоди ги загуби нервите и правеше неизнудени грешки во низа, што Медведев го искористи за да дојде до голема победа.
Дуелот беше израмнет само до 2-2, по што рускиот тенисер направи два брејка и поведе со 5-2. Ѓоковиќ за момент се врати, намали на 5-4, но Медведев заслужено го доби првиот сет со 6-4.
Рускиот тенисер потоа набрзина стигна до брејк во првиот гејм од вториот сет, откако Ѓоковиќ имаше 40-15, но со серијата грешки му подари водство на противникот. Медведев благодарение на сигурниот сервис ја задржа предноста до самиот крај, славеше и во вториот сет со идентични 6-4 и заслужено се пласираше во финалето.
Медведев за противник во големото финале ќе го има сонародникот Рубљов, кој во прваа полуфинална пресметка го совлада Алекс Зверев со 2-0 во сетови (6-3, 7-6).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

