Тренерот на ФМП, Ненад Стефановиќ, жестоко ги критикуваше навивачите на МЗТ Скопје, поради расистичките извици во текот на првото полувреме на денешниот меч во СЦ „Јане Сандански“.
Српскиот стручњак му ја честиташе победата на МЗТ, а потоа се осврна и на случувањата на трибините, откако поради извици од трибините дојде и до краток прекин.
„Сакам да му честитам на МЗТ за доброто издание и заслужената победа. Ние одигравме солиден меч, но промашивме премногу отворени шутеви од далечина, за што следеше и заслужен пораз. Со ова што сега ќе го кажам не сакам воопшто да ја намалам победата на домаќините, но ова е голема срамота, во 21. век да слушаме „манки“ и „џипси“. Нам ова ни се случува на трето гостување сезонава и уште сега кажувам, ако слушнеме уште еднаш ќе го напуштиме теренот без разлика каде играме. Па ова е скандал, не е 13. век за да слушаме такви навредливи извици, згора на тоа од навивачите на МЗТ Скопје, тим што во своите редови иа тројца кошаркари со темна боја на кожата. Немам зборови за ваквото однесување“, критичен беше Стефановиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА