Микаела Шифрин трката во Квитфил ја заврши на 5. позиција со заостанување од 79 стотинки зад времето на победничката Кајса Викоф Ли што беше доволно за триумф во Светскиот куп во алпско скијање и одбрана на титулата од минатата година.
Домашната скијачка Кајса Викоф Ли триумфираше на спуст трката која се возеше во норвешкиот ски-центар Квитфил како дел од Светскиот куп во алпско скијање во женска конкуренција.
Таа до победата стигна со време од 1:32.36 минути што беше за 29 стоти делови од секундата подобро од Италијанката Софија Гоџа која со овој резултат го освои малиот кристален глобус во оваа дисциплина. Подиумот го надополни Kорин Сутер со 41 стотинка заостанување зад победничката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА