Одличен натпревар во Кичево играат Шкупи и Академија Пандев низ првите 45 минути од 21. коло во Првата македонска фудбалска лига.
По првото полувреме 3-2 во Кичево за Шкупи во мечот кој го одбележаа два пресврти, убави погодоци и фудбалска тензија меѓу двете екипи, за на крај во четвртата минута од судиското продолжение чаирчани со голот на Хамиди да поведат со 3-2.
Шкупи поведе во 12. минута со голот на Реналдо Цефас по убавата акција на чаирчани…
Но, во 27. минута извонреден гол на Ване Крстевски кој мајсторски погоди за 1-1.
Веќе во 36. минута по корнерот од левата страна, убав погодок и на Руфати за пресврт и водство од 1-2 на Академија Пандев.
Сепак, веќе во следната минута убав гол и на Данфа за 2-2.
Кога се чинеше дека на полувремето ќе се замине со 2-2, Хамиди во четвртата минута од судиското продолжение стрелаше од непосредна близина за 3-2 и предност на Шкупи.
На вториот денешен натпревар од 21. коло, Работнички на дуелот кој се игра во Велес води против Скопје со 1-0 со голот на Рушевиќ уште од 11. минута.
ПМФЛ – 21. КОЛО (прво полувреме)
Велес: РАБОТНИЧКИ – СКОПЈЕ 1-0
Кичево: ШКУПИ – АК. ПАНДЕВ 3-2
Цефас 12′, Данфа 37′, Хамиди 45’+4 – Крстевски 27′, Руфати 36′
УТРЕ (14 ч.)
Штип: БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ТИКВЕШ
Прилеп: ПОБЕДА – СИЛЕКС
СТРУГА ТЛ – слободна
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА