Фудбалерите на Манчестер сити славеа на домашен терен со 2-0 во еден тежок и интересен натпревар против Њукасл како дел од 26. коло во англиската Премиер-лига. „Граѓаните“ стигнаа до водство од 1-0 со погодокот на Фил Фоуден во 15. минута од натпреварот. Со овој резултат се замина на пауза.
Во вториот дел избраниците на Пеп Гвардиола сите дилеми околу победникот ги разрешија со погодокот на Бернардо Силва во 67. минута со кој португалскиот интернационалец ги постави конечните 2-0.
BERNARDO SILVA GOAL HAALAND ASSIST GET INNNNNNpic.twitter.com/jCl4wkou46
— 17 (@DxBruyneSZN) March 4, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

