Академија Пандев со голот на резервистот Димитар Трајков во 91. минута од натпреварот успеа да дојде до голем бод против шампионот Шкупи во 21. коло од Првата македонска фудбалска лига.
„Пандевци“ му скратија победа на Шкупи за преземање на врвот во прволигашкото друштво со погодок во последните секунди од средбата.
Но, се чини, голот за бод на „пандевци“ ќе биде под дополнителни анализи ако се суди на видео материјалите. Се чини дека стрелецот Трајков беше во офсајд позиција во моментов на добивање на топката која ја смести во мрежата, но проценете сами…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА