Рускиот тенисер Даниил Медведев го совлада Андреј Рубљов со максимални 2-0 по сетови 6-2 и 6:2 во финалето на турнирот од серијата 500 во Дубаи. Откако во полуфиналето тој во два сета го совлада првиот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ во финалето без поголеми проблеми го реши и Рубљов.
Медведев на тој начин го освои 18. трофеј во кариерата, а трет во низа, откако славеше во Доха и Ротердам и со тоа е прв фаворит за освојување на првите мастерси сезонава во Индијан Велс и Мајами.
На патот до трофејот без загубен сет ги победи Арналди, Бублик, Ќориќ, Ѓоковиќ и сега Рубљов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

