Нема крај на глупостите на Морант – Ѕвездата на Мемфис со пиштол во ноќен клуб (ВИДЕО)

Џа Морант неодамна беше обвинет дека во текот на летото претепал 17-годишно момче за време на кошаркарски натпревар и му се заканил со пиштол. Среде овие приказни, Џа направи уште еден многу глуп потег.

По обвинувањата, Џа Морант намерно ја прослави добрата игра против Хјустон Рокетс имитирајќи пиштол со прстите. Тоа не беше толку голем проблем, но стана критично во моментот кога Џа помисли дека е во ред да го покаже пиштолот на Инстаграм. Во саботата наутро, по поразот на неговиот Мемфис од Денвер, тој веројатно бил во стриптиз клуб.

Настаните ги пренесуваше во живо на Инстаграм, беше без маица и во еден момент покажа пиштол. НБА соопшти дека е „свесна за однесувањето на Морант на социјалните мрежи и дека ќе отвори истрата“. Оваа слика секако не и се допаѓа на НБА, особено од играч кој е еден од најдобрите во лигата.

Додека Морант е под истрага од страна на НБА од Мемфис информираа дека тој нема да биде дел од тимот во следните два натпревари.

 

 

Се вчитува...