Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец Иван Тричковски го одигра најдобриот натпревар сезонава за неговата АЕК Ларнака во победата на домашен терен против Параламини со 3-1 во натпревар од 26. коло во кипарскиот шампионат.
На Тричкогол му беа потребни само пет минути за во периодот од 8. до 13. минута да постигне два гола за брза предност на неговиот тим од 2-0. Гостите намалија на 2-1 во 48. минута преку Ехман, додека конечните 3-1 беа дело на нашиот фудбалер од пенал во 79. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА