Супер-меч на Харден и Ембид, Филаделфија на крилјата на „Брадата“ го победи Милвоки (ВИДЕО)

Филаделфија го победи Милвоки со 133-130 во дербито на Истокот во НБА-лигата. Во одличен меч и неверојатна пресметка меѓу Џоел Ембид и Јанис Адетокумбо, сепак доминираше Џејмс Харден.

„Брадата“ заврши со 38 поени, 10 асистенции и 9 скока најзаслужен што Филаделфија ја прекина серијата на Милвоки од 16 победи во низа. Адетокумбо блескаше кај поразените со 32 поени, 13 скока и 4 асистенции, а Ембид заврши со 31 поени, 10 скока и 6 асистенции.

Милвоки во третата четвртина имаше предност од плус 18 поени (95-77), сите очекуваа домаќинот лесно да оди кон победа, но неверојатната последна четвртина со 48 постигнати поени донесе кам-бек и триумф на гостите.

На табелата на Истокот сега Милвоки е прв со скор од 45/18, Бостон е втор со 45/19, а Филаделфија е трета со од 41/22..

Кливленд е четврти откако го победи Детроит со 114-90, Мајами славеше против Атланта со 117-109, а Хјустон триумфираше на гости против Сан Антонио со 110-122.

Се вчитува...