Што се случува кога Арсенал ќе победи во 97.минута: Ерупција која го „здрма“ и камерманот (ВИДЕО)

Арсенал вчера со спектакуларен пресврт дојде до три важни бода во битката за титула. На домашен терен славеше во 26. коло против Бурнмаут со 3-2 и покрај негативата од 0-2.

Во 97. минута Арсенал доби корнер, а топката по неговата изведба дојде до Нелсон кој со одличен удар донесе голема победа за својот тим.

Колку пресврт-триумфот беше вреден за Арсенал најдобро покажува видеото со реакцијата на Артета. Освен што тренерот на Арсенал падна во делириум, на снимката јасно се гледа дека поради ерупцијата од воодушевување ниту камерманот не можеше нормално да го снима славјето на „топчиите“.

Се вчитува...