Српскиот тренер Иван Вукомановиќ не е посебно познато име во светот на фудбалот иако зад себе веќе има сериозна кариера водејќи ги екипите на Слован Братислава, Стандард Лиеж и кипарски Аполон.
Во моментов е тренер на индијската екипа Керал Бластерс, па се најде во центарот на светските медиуми откако на натпреварот со Бенгалур во доигрувањето од индијското првенство ја повлече својата екипа од терен откако примија гол во продолжението од 106. минута. Беше досуден слободен удар за Бенгалур, и додека играчите на Керал уште го местеа живиот ѕид, противничкиот фудбалер Сетри шутираше и постигна гол.
Вукомановиќ полуде на таквиот потек на противниците, но беше шокиран кога виде дека судијата го признава погодокот. Веднаш одлучи да ја повлече екипата и навивачите го наградија со овации. Судиите чекаа да види дали Вукомановиќ ќе ја врати екипата назад, но откако тоа не се случи беше означена победа на Бенгалург кој оди во полуфиналето од доигрувањето за титула во Индија.
ISL 2022-23 Knockout Bengaluru
FC Vs Kerala Blasters | Kerala Blasters walk out 🥴😭😭😭😭😭😭 pic.twitter.com/lrvO4IvLx3— Shajeer🕊️ (@shajeerbinumar) March 4, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

