Еден од најголемите македонски таленти, Решат Рамадани, кој изминативе денови од Шкендија потпиша за украинскиот Динамо Киев, е цел на Албанската фудбалска федерација пренесува албанска „Панорама спорт“.
Албанската федерација верува дека може да дојде до услугите на 19-годишниот Рамадани со желба да го промени пасошот и во иднина да настапува за албанската репрезентација.
Рамадани, последен играч за врска, кој во Динамо Киев се пресели на инсистирање на Мирчеа Луческу, веќе е стандарден член на младите македонски репрезентации до 19 и до 21 година.
Но, според информациите на албанските медиуми селекторот на младата репрезентација на Албанија, Албан Буши ќе испрати повик за Рамадани да дојде во младата селекција на западниот сосед. Албанците создаваат нова генерација за која веќе ни украдоа еден талент, Арда Окан Куртулан, кој играше за македонската младинска репрезентација, но поради бирократијата да му се даде македонски пасош, избра да игра за Албанија и во ноември на пријателски меч веќе дебитираше.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА