За време на СП во Катар светот беше сведок на премиерната проба на посебното правило за судиски дополненија на регуларниот дел од натпреварите. Изгубеното време за време на мечот се мереше во секунди па речиси на сите меча се добија продолженија, некогаш во траење и до 15 минути.
Од ФИФА сега стигнуваат вести дека тоа правило наскоро би можело да стане универзално применливо.
„Мораме подобро да се бориме со губењето време на натпреварите. Видовме дека на СП се дополнуваше многу време. Сакаме таквите продолженија да бидат универзални и доследни на правило кое ќе се почитува. Сакаме сите судии да знаат дека секој мора да го надполни загубеното време поради повреди, замени, одолговлекувања…“ – вели претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.
„Прославите на головите не можат и не смеат да се укинат. Мора да се продолжи со тоа затоа што тоа е суштината на фудбалот, но ќе мора да се надополни времето кое се губи“.
Покрај спомнатото правило ФИФА подготвува и низа други промени на правилата. Гол нема да може да се поништи ако резервен фудбалер влегува во терен за игра, освен ако не ја попречува играта. Тоа правило ќе се воведува поради случаите во финалето на СП кога Аргентина и Франција постигнуваа голови додека резервни играчи се уште влегуваа на терен.
Исто така нема да се суди офсајд ако играч прими топка кој намерно играл со топката, вклучувајќи и рака. Ќе се воведе и „Анти-Мартинез“-правило, поради голманот на Аргентина, а со кое голманите во иднина нема да смеат да му пречат на играчот кој изведува пенал со одложување на ударот или допирање на рамките на голот и мрежата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

