Американците збеснаа откако Ѓоковиќ не доби виза за САД: „Ова е шега, срамота…“ (ФОТО)

Американската јавност збесна, пред се голем број на тениски функционери и американски тенисери, откако најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ не доби дозвола за влез во САД за настап на Индијан Велс и во Мајами.

Ѓоковиќ не доби дозвола за влез затоа што не е вакциниран, а тоа наиде на гнев кај Американците…

„Не грижете се момци, на 11. мај ќе биде доволно безбедно за да се влезе во САД. Дотогаш е опасно. Не се сомневајте во науката, нашата влада беше во право од самиот почеток на пандемијата“ – напиша Џон Иснер.

А, реагираше и Марди Фиш, кој му се извини на Ѓоковиќ во име на САД.

„Ова е шега, извини Ноле“.

Се вчитува...