Брегалница и Шкендија играат без голови по првото полувреме во најинтересниот денешен натпревар од 21. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Главно рамноправен натпревар во Штип без изразени шанси за гол и кај двете екипи.
Македонија ЃП води со 1-0 против Тиквеш по првите 45 минута, со голот на Арби Воша уште од 2. минута од средбата.
И Силекс има минимална предност од 0-1, но на гостувањето против Победа во Прилеп.
ПМФЛ – 21. КОЛО (прво полувреме)
Штип: БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА 0-0
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ТИКВЕШ 1-0
Воша 2′
Прилеп: ПОБЕДА – СИЛЕКС 0-1
ВЧЕРА
Велес: РАБОТНИЧКИ – СКОПЈЕ 4-0
Велкоски 11′, 51′, 67′, Гандо Марселин 89′
Кичево: ШКУПИ – АК. ПАНДЕВ 3-3
Цефас 12′, Данфа 37′, Хамиди 45’+4 – Крстевски 27′, Руфати 36′, Трајков 90’+1
СТРУГА ТЛ – слободна
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА