Брегалница и Шкендија одиграа натпревар без голови во дербито на 21. коло од Првата македонска фудбалска лига. Сето тоа го искористи Силекс кој со убедлива победа од 1-4 се израмни на делба на третата позиција со Шкендија со 32 бода.
Брегалница беше подобар противник на теренот од Шкендија, посебно во второто полувреме од 60. до 75. минута кога штипјани имаа три одлични шанси преку Николов, Ѓорѓиев и Лвалива, но останаа неискористени.
Силекс убедливо со 1-4 славеше на гостувањето против Победа во Прилеп. Хет-трик запиша Александар Катаниќ на своето деби за Силекс и тоа со сите три погодоци во второто полувреме. А во првото полувреме погоди Милосављевиќ уште во 9. минута за кратовци за водство од 0-1. Стрелец за Победа беше Василије Делибашиќ во 65. минута од натпреварот.
А, Македонија ЃП, пак, исто така убедливо но со 3-0 триумфираше против Тиквеш на домашен терен. „Лавовите“ поведоа уште во 2. минута со голот на Арби Воша.
Во второто полувреме, Филип Мишевски од пенал во 76. минута зголеми на 2-0.
А, нововлезениот Скендери во 87. минута ги постави конечните 3-0.
ПМФЛ – 21. КОЛО (прво полувреме)
Штип: БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА 0-0
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ТИКВЕШ 3-0
Воша 2′, Мишевски 76′(п), Скендери 87′
Прилеп: ПОБЕДА – СИЛЕКС 1-4
Делибашиќ 65′ – Милосављевиќ 9′, Катаниќ 69′(п), 73′, 80′
ВЧЕРА
Велес: РАБОТНИЧКИ – СКОПЈЕ 4-0
Велкоски 11′, 51′, 67′, Гандо Марселин 89′
Кичево: ШКУПИ – АК. ПАНДЕВ 3-3
Цефас 12′, Данфа 37′, Хамиди 45’+4 – Крстевски 27′, Руфати 36′, Трајков 90’+1
СТРУГА ТЛ – слободна
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА