Македонија со пет шахисти на Европското поединечно првенство во Србија

Македонија партиципира со шест млади шахисти на Европското индивидуално првенство кое деновиве се одржува во Врњачка бања, Србија.

На првенството на кое учествуваат рекордни 500 натпреварувачи од 40 национални европски федерации Македонија ја претставуваат Антон Златков, Дино Табаковски, Стојан Велковски, Давид Николовски и Роберт Велески.

По првите две одиграни кола најдоброрангирани Македонци се Антон Златков и Стојан Велкоски кои имаат по 1 бода (со една победа и пораз) од првите два натпревари, додека останатите македонски шахисти се без бодови.

Прворангиран на Европското првенство и најголем кандидат за европската шампионска титула е ерменскиот велемајстор Габриел Саргисјан кој е со рејтинг од 2699.

Се вчитува...