Македонија ќе биде сериозно ослабенза претстојниот двомеч против Португалија, откако селекторот Кире Лазаров остана без помошта на уште двајца ракометари. Тандемот на Еурофарм Пелистер, Жарко Пешевски – Марио Танкоски, нема да може да настапи против Португалците откако искусниот пивот и талентираниот бек се пожалија на повреди по серијата настапи на клупски план.
На крајот од денешниот собир двајцата репрезентативци имаа разговор со селекторот Лазаров, по што беше донесена одлука тие да се вратат назад во Битола за да ги санираат проблемите што ги мачат.
Само за потсетување, на првата прозивка ги немаше ниту Филип Талески и Павле Атанасијевиќ, кои исто така нема да настапат против Португалците, а селекторот Лазаров воопшто не ги повика искусните крила Дејан Манасков и Гоце Георгиевски.
Македонија во првиот меч на 9 март ќе ја пречека Португалија во Скопје, а за три дена подоцна е закажан реваншот во Битола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА