Селекторот Кире Лазаров дополнително повика двајца нови ракометари за двомечот со Португалија, по серијата откажувања во нашиот национален тим во пресрет на мартовските квалификации за ЕП 2024.
На тренинзите на „црвено-жолтите“ се приклучуваат Михаил Аларов и Марко Мишевски, кои веднаш ќе му се стават на располагање на Лазаров. Станува збор за двајца ракометари на Вардар, Аларов е пивот, а Мишевски настапува на бековската позиција, а се очекува со нивното вклучување да добиеме на цврстина во дефанзивната зона.
Ракометарите ќе тренираат во салата „Автокоманда“ во следните два дена, а од среда ќе се преселат во „Борис Трајковски“, каде на 9 март ќе го одиграат квалификацискиот меч со Португалија. Реваншот против истата селекција е закажан за 12 март во Порто.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА