Рио ептен разбира фудбал: Одамна не сум бил толку убеден дека Јунајтед ќе слави на „Енфилд“

Голем дел од легендите на Манчестер јунајтед кои сега се ТВ-аналитичари полни со оптимизам го исчекуваа дербито со Ливерпул, но никој не беше толку позитивно расположен како Рио Фердинанд.

„Одамна не сум бил толку позитивно и оптимистички расположен, можеби шест или седум години. Убеден сум дека Јунајтед може да одигра добар меч и да слави на „Енфилд“, истакна Фердинанд.

Тој продолжи со порака со Белингем и Деклан Рајс, двајца фудбалери за кои се интересираат и Ливепрул и Манчестер Јунајтед.

„Ако сте играч за кого се интересираат два клуба, само треба да видите што им се случува. Нема дилема, ако имате избор, мора да го изберете Манчестер Јунајтед“, порача легендарниот дефанзивец на „црвените ѓаволи“.

Очекувано, Англичанецот не беше многу расположен за мубет по фијаското на неговиот поранешен клуб, најубедлив пораз во последните 92 години од историјата на Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...