Дејвис и Ривс го расипраа камбекот на Кари, трипл-дабл на Адетокумпо (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс стигнаа до важна победа во битката за плеј-ин во НБА лигата откако славеа на домашен терен со 113-105 против Голден Стејт. Неизвесниот натпревар беше решен во последните минути од средбата, а пресуди мирната рака на домашните кошаркари од линијата за слободни фрлања.

Со 39 поени, 8 скока и 6 асистенции лидер на тимот од Лос Анџелес беше Дејвис, додека него го следеше Ривс со 16 поени и 8 асистенции. Кари се врати на теренот по пауза од еден месец, а со 27 поени и 6 скока беше лидер на Голден Стејт. Томпсон додаде 22 поени и 5 скока.

Портланд стигна до 30. победа во сезоната откако предводен од Дамиен Лилард и неговите 41 поен и 9 скока славеше со 119-122 на гостувањето кај Орландо.

Несекојдневен трипл-дабл учинок забележа Јанис Адетокумпо кој во победата на Милвоки од 111-117 кај Вашингтон забележа 23 поени, 10 скока и 13 асистенции, но до истиот дојде во последните секунди откако самиот си ја нафрли топката за двоцифрениот скок.

Се вчитува...