„Бруно Фернандеш треба да се засрами. Доста ми е од него и неговото плачење и симулирање“

Манчестер Јунајтед го претрпе најсрамниот пораз во својата историја откако во дербито на 26. коло во Премиерлигата загуби на гостувањето кај Ливерпул со 7-0. Тренерот на „црвените ѓаволи“, Ерик тен Хаг не го криеше разочарувањето по неверојаниот пораз и напомена дека е изненаден како 11 негови фудбалери на теренот „ја загубиле главата“.

А, бесот на навивачите најмногу го привлече Бруно Фернандеш кој на дуелoт на „Енфилд“ ја имаше капитенската улога. Португалецот потфрли во одбраната, бараше и да биде заменет па наиде на жестоки критики.

„Второто полувреме беше срамно. Неред, а тоа посебно се виде во однесувањето на капитенот Бруно Фернандеш. Во одредени моменти неговото однесување беше патетично. Ги држи рацете подигнати и го прашува тренерот зошто не излегува од игра? Така не игра еден капитен. Треба да се засрами. Доста ми е од него и неговото однесување, плачење и симулирање. Ерик тен Хаг мора да се погрижи за тоа“, вели Гери Невил.

Се вчитува...