Анчелоти: Не ми е е јасно како со толку добри фудбалери не можеме да дадеме гол

Реал Мадрид загуби нови драгочени бодови во трката за првата позиција во Ла Лига откако ремизираше без голови против Реал Бетис во Севилја.  Со тоа тимот предводен од Карло Анчелоти заостанува девет бода зад водечната Барселона, негатива која на „кралскиот тим“ ќе му биде тешко да ја достигне.

По натпреварот свое видување даде и искусниот италијански стратег кој вели дека не може да верува со оглед на квалитетот во нападот како неговиот тим може да биде неефикасен.

„Чудно ми е што не можеме да дадеме гол со оглед на индивидуалниот квалитет со кој располагаме. Имаме квалитет да дававме голови, но тоа сега е главниот проблем. Неефикасни сме во нападот, мораме да се погледнеме во огледало и да бидеме поефикасни. Нешто ни недостасува, не носиме вистински одлуки. Додаваме кога треба да шутнеме, шутираме кога треба да додаваме. Тоа се случува во последните три натпревари и мора да го поправиме. Не мислам на индивидуалниот квалитет, говорам за носењето на одлуки како група“, изјави Анчелоти.

Се вчитува...