Поради допинг беше суспендиран, а сега освои АТП турнир

Чилеанецот Николас Јари е победник на тенискиот АТП турнир во родниот Сантијаго. Јари во финалето го победи Аргентинецот Томас Ечеверија по пресврт со 2-1, по сетови6-7, 7-6 и 6-2.

Ова е втора титула за Јари во кариерата по Баштад во јули 2019 година, а претходно двапати беше поразен во финалните мечеви. Чилеанецот падна на допинг тест на крајот на 2019 година и беше суспендиран на 11 месеци.

Пред две години се врати и успеа да стигне до Топ 150 на АТП листата, а лани се проби и во топ 60. Од денеска е 52. играч во светот. За 23-годишниот Ечеверрија ова беше прво АТП финале во кариерата.

Се вчитува...