Прилепска Победа го очекува жестока битка сезонава за опстанок во Првата македонска фудбалска лига. Токму затоа и секој бод е повеќе од важен за прилепчани низ пролетниот дел од шампионатот.
Но, прилепчани загубија убедливо со 1-4 од Силекс на домашен терен, иако веруваат дека резултатот се „скршил“ при 1-1 кога беше досуден непостоечки пенал во второто полувреме за кратовци од кој поведоа со 1-2.
Факт е дека главниот судија Куштрим Лика и неговите помошноци не забележаа дека Филип Стомнароски е надвор од својот шеснаесетник при играта со рака, досудија пенал поради што огромен е револтот во редовите на Победа.
И од судиската комисија при ФФМ, преку својата анализа, денеска потврдија дека е досуден непостоечки пенал за Силекс.
„Играч од екипата на гостите центрираше кон голот на домакините, играч од екипата на домакините пред линијата на 16- сетникот ја удри топката со рака која му беше во неприродна положба (одвоена од тело). Погрешна одлука на првиот помошен судија кој му сигализираше на главниот судија и даде информација дека играта со рака на играчот на домакините е на самата линија од 16- сетникот, играта со рака на играчот на домакините беше надвор од 16- сетникот и требаше да биде слободен удар“ – анализираа од Судиската комисија на ФФМ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА