По 127 настапи за репрезентацијата, дефанзивецот се откажа од Белгија

Одбранбениот фудбалер на белгиската репрезентација Тоби Алдервеирелд, се откажа од националниот тим. Дефанзивецот беше дел од т.н. „златна генерација“ чие најголемо достигнување беше третото место на СП 2018 година.

Алдевеирелд дебитираше за националниот тим во 2009 година, и одигра 127 натпревари. Во моментов игра за Антверпен, а во минатото беше дел од Ајакс, Атлетико Мадрид и Тотенхем.

„Како мал сонував да играм за националниот тим. Многу сум благодарен и горд што тој сон стана реалност. Можам да погледнам назад 14 години подоцна и да видам 127 меча, три светски првенства, две европски првенства и безброј убави моменти“, рече Алдервеирелд.

Се вчитува...