Тренерот на Мемфис Гризлис, Тејлор Џенкинс зборуваше за случајот со Џа Морант, кој беше суспендиран на два натпревари. Морант беше казнет од НБА, откако беше виден како мавта со пиштол во ноќен клуб во саботата наутро во пренос во живо на „Инстаграм“.
Тренерот нагласи дека фокусот на тимот е да го поддржи Морант во овој „тежок процес“, но дека го смета одговорен за своите постапки.
„Нема дефинитивна временска рамка за враќање на Морант во тимот. Рековме дека тоа ќе бидат барем овие два натпревари. Ова ќе биде континуиран процес“, рече Џенкинс по поразот на неговиот тим од Лос Анџелес Клиперс со 139-125.
Видеото излезе набргу откако Вашингтон пост објави дека е во тек истрага за двата инцидента, во кои учествуваше кошаркар на Мемфис. Тој е обвинет за насилство кон 17-годишник, кого го претепал пред својата куќа и му се заканувал со пиштол, откако за време на кошаркарски натпревар случајно го удрил со топка во лицето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

