Готово е: Аријан Адеми добива нов клуб

Македонскиот фудбалски репрезентативец Аријан Адеми го напушта Динамо Загреб и ќе стане нов играч на кинескиот прволигаш Пекинг Гуан, пренесуваат медиумите од азиската земја.

Тие објаснуваат како Гуан ги решил последните финансиски проблеми. Проблемите се поврзани со неисплатените плати поради кои не можеа да донесат играчи.

„Во текот на изминатата година, Гуан ги решаваше старите проблеми, вклучително и заостанатите плати и спорови, како што се отказните такси за странски играчи. На Гуан му беше забрането да носи играчи. Сега кога проблемот е решен, забраната повеќе не постои. Освен Де Соуса, чие доаѓање е потврдено, пристигнува и 32-годишниот капитен на Динамо Загреб. Тој наскоро ќе стане новиот играч за врска на Гуан“, пишуваат кинеските медиуми.

Адеми во 2010 година дојде во Динамо од Шибеник. Динамо потоа го позајми во Локомотива каде што помина две години. Од 2012 година до денеск тој е член на актуелниот шампион на Хрватска за кој одигра 358 натпревари, постигна 41 гол и асистираше 30 пати. Договорот на Адеми со Динамо трае до 2026 година

Се вчитува...