Тоа го може само тој: Рома во „делириум“, а Мурињо „мртов-ладен“ (ВИДЕО)

Жозе Мурињо, тренерот на Рома, вчера беше целосно мирен во дербито со Јувентус. Тој дури не го ни прослави голот на Манчини со кој „волчицата“ го совлада најтрофејниот италијански тим со 1-0.

Во миговите кога делеше совети кон Абрахам со својот помошник, Манчини погоди во мрежата, но Мурињо наместо да се радува, тој продолжи да се договара со својот помошник за тоа што ќе игра Абрахам.

Исто така при една ситуација кога сите од Рома скокнаа и бараа црвен картон за Костиќ, Мурињо само погледна кон земјата и не реагираше. Навистина чудно за Жозе, но знаејќи дека веднаш ќе добие исклучување, не реагираше на оваа одлука.

Се вчитува...