Македонската ракометна репрезентација денеска во салата во Автокоманда ги започна подготовките за квалификацискиот двомеч со Португалија за пласман на ЕП 2024. По успешниот старт со победите против Луксембург и Турција, овие две среби ќе одредат која селекција ќе го освои првото место во групата.
Селекторот Кирил Лазаров се соочи со неочекувани проблеми и повлекување на ракометари поради повреди па во мартовските квалификациски натпревари Македонија ќе настапи со никогаш помлад состав. Но, и покрај тоа „црвено-жолтите“ одат на победи против Португалија за осигурување на првата позиција на табелата.
Денеска на паркетот не се најде голманот на Порто, Никола Митревски, кој се очекува да им се приклучи на соиграчите веќе на утрешниот тренинг. Како потсетување првите два тренизи ќе бидат одработени во Автокоманда за од среда репрезентативците да се преселат во СЦ „Борис Трајковски“, каде на 9 март ќе се одигра првиот натпревар. Реваншот е закажан за 12 март во Порто.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА