Милан во големи проблеми пред патувањето за Лондон: Без Жиру против Тотенхем!?

Стефано Пиоли и неговиот тим денеска заминуваат за Лондон на реванш дуелот од осминафиналето во лигата на шампионите против Тотенхем, но според информациите од „Гезета дело спорт“ и тоа како ќе бидат ослабени со најавено отсуство на Оливие Жиру. Милан на првиот дуел на домашен терен славеше со 1-0.

Жиру е болен од грип и ги пропушти последните тренинзи на Милан, па неизвесно е дали ќе може да настапи на утрешниот натпревар.

Пиоли планира денеска да го води Жиру во Лондон, со оглед на тоа што се подобрува неговата здравствена состојба, но малку се шансите да биде комплетно подготвен до утре вечер.

Во негово отсуство Анте Ребиќ или Дивок Ориги ќе го заменат во нападот, а со оглед на тоа дека го нема Златан Ибрахимовиќ јасно е дека отсуството на Жиру ќе биде сериозен проблем за актуелниот шампион на Италија.

Се вчитува...