Денвер со Јокиќ во составот дома не загубил три месеци, феноменалната двојка Ембид-Харден за победа на Филаделфија (ВИДЕО)

Извонредната двојка Џоел Ембид и Џејмс Харден ја предводеа Филаделфија до триумф над Индијана од 147-143 во еден од синоќешните натпревари во НБА лигата.

Ембид запиша 42 поени додека пак Харден забележа 14 поени, дополнети и со девет скока и неверојатни 20 асистенции. Ова е втор меч сезонава Ембид да дојде до минимум 40 поени, а Харден да запише 20 асистенции, па двајцата запишувајќи се во историјата на НБА како единствена двојка на која тоа и пошло од рака.

Никола Јокиќ го одведе Денвер до нов триумф, четврти едноподруго и 46-ти сезонава. Денвер има добиено 30 од 34 натпревари на домашен терен, а со Србинот во составот дома не загубиле точно три месеци.

Во триумфот од 118-113 на Денвер над Торонто, Јокиќ постигна 17 поени, дополнети и со 13 скока и девет асистенции, па веќе седми пат оваа сезона остана пократок за еден скок или асистенција за „трипл-дабл“.

На останатите мечеви, Сакраменто триумфираше со 123-108 против Њу Орлеанс, додека пак Мајами минимално со 130-128 беше славеше со Атланта. Кливленд по продолженија беше подобар од Бостон со 118-114.

Се вчитува...