ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА: Тони е мајстор за обложување, но и мајстор за пенали

Фудбалерите на Брентфорд се вистински хит сезонава во англиската Премиер-лига. Брентфорд синоќа славеше на домашен терен со 3-2 против Фулам во последниот натпревар од 26. коло во англиската елита.

Еден од стрелците за Брентфорд беше и нивниот најдобар фудбалер Тони. Додека ја чека разврската околу казната која сигурно ќе ја добие поради тоа што се обложувал на натпревари, Тони стрелаше од пенал што е негов десетти гол од белата точка во Премиер-лигата. Тој досега нема промашено пенал, а единствен подобар од него е Јаја Туре кој своевремено во дресот на Манчестер сити имаше 11 од 11.

 

 

Се вчитува...